Connect with us

Македонија У15 ремизираше (2-2) на вториот тест против Унгарците (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (2-2) на вториот пријателски натпревар против Унгарија во Будимпешта. Селекцијата на селекторот Драган Начевски имаше водство од 2-1, но во вториот дел Унгарците стигнаа до реми.

Стрелец на двата гола за Македонија на овој меч беше Стефан Младеновски.

Македонија настапи во следниот состав: Илиоски, Ракипи, Ристовски, Атанасовски, Спасовски, Кадриовски, Али, Киш, Младеновски, Грашески, Шаини. Играа уште: Трајковски, Хасани, Стојановски, Радески, Митров, Антониев, Перески, Кузмановски, Андоновски, Мехмед, Алиу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови