Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години (генерација 2006) го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Турција.
На тренинг центарот во Турција, натпреварот заврши без голови. Средбата започна со отворена игра на двете страни. Во 11. минута Турција ја пропушти најголемата шанса. Домаќините не успеаа да реализираат удар од белата точка. Во 21. минута, Алтин Алији се најде во одлична можност да ја донесе нашата репрезентација во предност, но голманот на Турција успеа да одбрани.
Во второто полувреме во изедначена игра, со можности на двете страни, резултатот остана непроменет. За одбележување е шансата на Папазов во последната минута, кога излезе сам пред голманот но неговиот удар заврши покрај стативата.
Неџат Шабани, предводникот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, вели:
„Пред се сум задовoлен од прикажаната игра, борбеноста, посветеноста и желбата за добар резултат. Задоволен сум од играчите кои добија можност за настап. Покрај тоа што сме се уште во подготвителен период, нашите репрезентативци покажаа одлична физичка форма, но постои и голем простор за напредок во наредните натпревари.“
Вториот пријателски натпревар, овие две репрезентации ќе го одиграат на 26 август, со почеток од 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













