Македонија ЃП е првиот тим од Првата фудбалска лига што ги стартува зимските подготовки. „Лавовите“ заминуваат во Хрватска каде ќе го одработат првиот дел од подготовките.
Лекарските прегледи се предвидени за утрешниот ден во Пула, а потоа тимот ќе биде дел од турнирот „Арена Куп 2023“ каде ќе одигра најмалку три натпревари против Истра од Хрватска, Арсенал Тиват од Црна Гора и Колкети од Грузија.
„Играчите ќе имаат време и за одмор, но по посебна програма за работа. Подготвени сме за наредните предизвици кои не очекуваат во кои се надеваме дека и оваа година ќе бидеме успешни“, изјави шефот на стручниот штаб Муарем Бајрами.
На 25. јануари, тимот на Македонија ЃП ќе заминува на централни подготовки во Анталија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













