
Македонија Ѓорче Петров продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а најново име во редовите на клубот е босанскиот напаѓач Мирсад Рамиќ.
Станува збор за 32-годишен искусен фудбалер кој пристигнува од редовите на Игман Коњиц. Интересен податок е дека ова ќе биде првпат Рамиќ да настапува надвор од границите на Босна и Херцеговина, иако неговата професионална кариера започна уште во 2011 година. Во изминатите години, тој играше за голем број клубови од родната земја, меѓу кои: Железничар, Слобода Тузла, Тузла Сити, ГОШК Габела, Звијезда Градачац, Слога Љубушки, Травник, Турбина и Горазде.
Со оваа аквизиција, Македонија ЃП дополнително го зајакнува нападот, а Рамиќ треба да донесе искуство и стабилност во офанзивниот дел од тимот.
Покрај Рамиќ, клубот досега ги обезбеди и потписите на Ристе Јанков, Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас, како дел од подготовките за кам-бекот во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal