Connect with us

Македонија ЃП се раздели со тренерот Тони Џангаровски

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се раздели со тренерот Тони Џангаровски. „Лавовите“ го загубија денешниот меч против Воска Спорт (1-2) на домашен терен, а претходно беа поразени убедливо и против Брера во Струмица.


„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите три месеци.

Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.

За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, објави Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови