Фудбалската репрезентација на Македонија играше финален бараж против Португалија за пласман на СП во Катар лани во март, но нема да има полесен пат до следниот мундијал, иако тоа ќе биде Светско првенство со проширен формат.
УЕФА го објави форматот што ќе го препорача до ФИФА за својот дел од квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Европа доби само три дополнителни места, иако на мундијалот ќе играат 48 селекции.
Тоа значи дека наместо досегашните 13 европски репрезентации на следното Светско првенство ќе играат 16.
Новитет е тоа што ќе има повеќе групи со помалку екипи, па наместо досегашните десет групи, сега ќе има 12 групи со по четири или пет селекции. Низ квалификацискиот циклус од март до ноември 2025 година, 12 првопласирани селекции ќе се пласираат на СП.
Останатите 12 втори селекции, како и четирите најдобри екипи од следната Лига на нации (тие што нема да бидат први или втори во групата) според ранкингот во Лигата на нации ќе одат во баражот. Ќе има четири „фајналфор“ турнири, каде по четири селекции низ полуфинале и финале ќе ги дадат четирите дополнителни европски селекции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski