Македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски и официјално е именуван за нов селектор на женскиот национален тим на Соединетите Анерикански Држави. Ова е неверојатен успех за младиот, но веќе докажан тренер кој застанува на кормилото на светскиот шампион.
Тој ќе дебитира со ноемвриските натпревари против Шведска и против Костарика, а главна цел ќе му биде со Американките да го освои златниот медал на Олимписките Игри во Токио следната година.
„Сакам искрено да им се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Карлос Кордеиро, на генералната директорка на женската репрезентација, Кејт Маркграф и на директорот на фудбалот на САД, Ерни Стјуарт, за оваа можност“, рече Андоновски. „Тоа е огромна чест и јас сум многу возбуден што ќе започнам да работам со оваа вонсериска група на играчи. Горд сум што ќе бидам наследник на сите талентирани тренери и играчи што во минатото ја имаат градено традицијата на извонредни резултати и посветен сум да работам напорно за да продолжам по патетките на нивните успеси“, изјави Влатко Андоновски за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













