Фудбалерите на Оукленд Сити на стартот од Светското клупско првенство доживеаја тежок пораз од 10-0 против Баерн Минхен, но и покрај двоцифрената бројка на примени голови, голманот на новозеландскиот клуб, Конор Трејси, имаше причина за радост.
Мрежата на Оукленд Сити ја тресеа трипати Џамал Мусијала, по двапати Кингсли Коман, Мајкл Олисе и Томас Милер, како и еднаш Саша Бој. Сепак, 28-годишниот Трејси не беше премногу разочаран.
Имено, тој го оствари својот сон бидејќи доби можност да се ракува со еден од најдобрите голмани во историјата – Мануел Нојер.
Оукленд Сити е аматерски клуб, па нивните фудбалери се вработени во различни компании каде што заработуваат плати.
Трејси работи како магационер во магацин на една ветеринарна фармацевтска компанија, а за да отпатува на Светското клупско првенство, морал да земе неплатен одмор.
„Знам дека ќе ми биде тешко да ја платам киријата и сметките овој месец, но за да играм на вакви натпревари – навистина вреди“, изјави Трејси.
Трејси ќе брани на 20 јуни против Бенфика, а Светското клупско првенство ќе го заврши со дуел против Бока Јуниорс на 24 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













