Connect with us

Мадридското дерби без победник (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во дербито на колото во Ла Лига. Тоа отвора шанса за Барселона да побегне огромни десет бода во однос на „кралевите“ на врвот на табелата.

Гостите играа со фудбалер помалку од 64.минута поради исклучувањето на Анхел Кореа, а имаа водство со голот на Хозе Хименез во 78.минута.

Реал Мадрид успеа да израмни со голот на младиот дефанзивец Алваро Родригез во 85.минута од мечот.

Атлетико Мадрид останува на четвртата позиција со 42 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови