
Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што исто така значи и до крајот на неговиот договор. Потоа ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, а мадридскиот великан нема да профитира од неговиот трансфер.
Украинскиот голман беше прв голман на клубот минатата сезона, но со враќањето на Тибо Куртоа по повредата и операцијата на менискусот на десното колено, повторно се врати на клупата, што се потврди и на почетокот на сезоната.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го пушти за износ не помал од 20 милиони евра, но во моментов нема понуди за него. Лунин донел одлука да го заврши својот договор, што значи дека на крајот на сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да преговара за подобри услови. Со преговорите може да започне веќе во јануари.
Украинецот пристигна во Реал Мадрид во 2018 година во трансфер вреден 8.5 милиони евра од Зорја. За шпанскиот клуб одигра 48 натпревари, од кои 16 се без примен гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
