Connect with us

Луис Суарез со гол ја заврши бајката во Гремио (ВИДЕО)

Легендарниот Уругваец Луис Суарез синоќа го одигра последниот натпревар во дресот на бразилски Гремио и тоа го направи на бајковит начин. Во победата од 1-0 против Васко де Гама постигна прекрасен гол за победа. Инаку, тоа беше негов 555. гол во кариерата.


Преполниот стадион дојде да му се поклони на еден од најдобрите светски напаѓачи во последните години, а солзи пушти и славниот Уругваец.

„Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш бесмртен“, гласеше емотивната порака која Гремио ја објави на социјалните мрежи.

Со 36 години, Суарез нема намера да ја заврши кариерата и сѐ поизвесно е дека ќе замине во Интер Мајами, каде што го чекаат поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхи Бускетс и Жорди Алба.

„Морам да се одморам, да уживам во семејството… а потоа судбината ќе одлучи каде ќе бидам во иднина“, изјави Уругваецот, кој постигна 27 гола на 52 настапи за Гремио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови