Connect with us

Луис Суарез се врати во националниот тим на Уругвај за дуелот против Меси и Аргентина

Напаѓачот Луис Суарез е вклучен во националниот тим на Уругвај за претстојните светски квалификации против Аргентина и Боливија.


Поранешниот играч на Ливерпул го нема облечено националниот дрес од крајот на минатата година кога играше на Светското првенство во Катар.

Суарез (36), кој моментно игра за Гремио и е еден од најдобрите стрелци во бразилската лига со 14 гола на 29 натпревари, се најде меѓу избраниците на селекторот Марсело Биелса.

Уругвај во четврток во Буенос Аирес гостува кај светскиот шампион Аргентина, a пет дена подоцна ќе биде домаќин на Боливија.

Во рангирањето во зоната КОНМЕБОЛ, Аргентина е лидер со 12 бода од четири натпревари.

Втората позиција ја делат Уругвај, Бразил и Венецуела со по 7. Првите шест селекции ќе се пласираат на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, а седмата ќе игра во интерконтинентален плејоф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови