Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез е трансферна цел новиот калчолигаш Монца, тврди „SportItalia“. Генералниот директор на Монца, Адријано Галијани, лично стапил во контакт со 35-годишниот ас и разговарал за негов можен трансфер во тимот.
Во моментов Суарез е слободен играч, откако му истече договорот со Атлетико Мадрид.
„Суарез? Ниту демантирам, ниту потврдувам. За мене, пласманот на Монца во Серија А е остварување на сонот. До овој момент нема фудбалер кој и откажал на Монца“, изјави Галијани.
Суарез последен пат беше поврзуван со аргентинскиот гигант Ривер Плата, но играчот повеќе сакаше да остане во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













