Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ја спореди изминатата сезона на својот тим со „страшен трилер или хорор филм“, но и порача дека сега е време за историско финале против Интер во Лигата на шампионите.
Францускиот шампион помина низ бурна и тешка групна фаза, но во елиминациите успеа да ги совлада Брест, Ливерпул, Астон Вила и Арсенал, покажувајќи зрелост и голем потенцијал.
„Ако ја анализираме Лигата на шампионите оваа сезона, можеме да направиме одличен трилер или хорор филм. Имаше секакви сцени. Во групната фаза требаше да имаме подобри резултати, но тоа не се случи. Крајот беше неверојатен“, изјави Луис Енрике за официјалниот сајт на УЕФА.
Тој истакна дека и покрај тешкиот почеток, неговите играчи секогаш верувале во процесот и дека резултатите на крајот пристигнале.
„Пласманот на табелата не ја отсликуваше вистинската слика. Знаевме дека работиме добро. Во еден момент сѐ почна да се поклопува, почнавме да постигнуваме голови и резултатите дојдоа. Сега е време да го завршиме тоа и да напишеме историја“, додаде тој.
Финалето меѓу ПСЖ и Интер ќе се одигра на 31 мај, а „светците“ се надеваат дека конечно ќе го освојат својот прв европски трофеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













