Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше задоволен поради тоа што неговиот тим втора година по ред се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, тоа се случи на потежок начин, по поразот од 2-3 во реваншот од четвртфиналето против Астон Вила.
Еден од хероите на ПСЖ беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој имаше неколку блескави интервенции.
Според Луис Енрике, ПСЖ не само што го има најдобриот голман во светот, туку и најдобриот состав.
„Едноставно е – не смееме да заборавиме дека играме во Лигата на шампионите, а противникот има многу квалитет. Астон Вила играше со голема интензивност. Сепак, гледано од двата натпревари, заслужено продолживме понатаму. Втора година по ред сме во полуфинале, а сега целта е да стигнеме до самиот крај. Мислам дека го имаме најдобриот состав во светот, не само најдобриот голман. Во клуб како ПСЖ е нормално да има многу квалитетни фудбалери“, изјави Енрике.
Тој го коментираше и пресвртот на натпреварот.
„При водство од 0-2 за нас, противникот немаше што да изгуби. Тие го загубија првиот меч и губеа и на полувремето од вториот. Атмосферата на стадионот беше одлична и им помогна да се вратат во играта“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













