Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека нема дух на одмазда кај неговите играчи, но тој сепак ја опиша како „финале“ пресметката на неговиот тим против Ница во четвртфиналето на францускиот Куп.
„Не, нема желба за одмазда кај нашите играчи. Тие ни го нанесоа нашиот единствен пораз во Лига 1 досега и повторно се соочуваме со нив за пет недели. Тие се многу добар тим, одлично се снаоѓаат без топка. Тие имаат примено најмалку голови во лигата заедно со Брест, така што ќе биде тешко, но ние имаме предност да играме дома. Очекувам атрактивен натпревар, бидејќи и ние и тие играме ризично, па се надевам дека ќе биде интересен дуел. Купот и првенството се различни натпреварувања, но овие елиминациски натпревари се многу убави за навивачите. Овој натпревар ќе го прифатиме како финале, бидејќи за нас има такво значење. Морам да признам дека пред да дојдам во ПСЖ, мислев дека Лига 1 е многу полесно натпреварување, но сега увидов дека има навистина завиден квалитет и силни ривали“, изјави Луис Енрике.
Дуелот меѓу ПСЖ и Ница се игра утревечер на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













