
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше воодушевен по победата на пенали против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој го пофали својот тим за покажаниот карактер на „Енфилд“ и за пласманот во следната фаза на турнирот.
„Сега тие играа подобро од нас, но мислам дека и мојот тим покажа одлично лице и голем карактер на ‘Енфилд’, кој е специјален стадион. Се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, но беше тешко, бидејќи тие играа со огромен интензитет. Двата тима заслужуваа да продолжат понатаму. Карактерот и борбеноста беа клучни, особено при пеналите“, изјави Луис Енрике.
„Мислам дека покажавме каков тим сме. Кога ждребот одреди ПСЖ да игра против Ливерпул, сметам дека и двајцата тренери си мислевме истото – ова ќе биде еден од најдобрите дуели за гледање во Европа. Мислам дека двата тима беа фантастични“, продолжи Шпанецот.
„Не станува збор само за континуитет. Требаше да бидеме перфектни во клучните моменти. Многу страдавме по поразот во Париз, но таков е фудбалот. Понекогаш е неправеден. Сега ние ја имавме среќата, тие двапати погодија статива. Џанлуиџи Донарума беше како Алисон во првиот натпревар. Среќни и самоуверени сме што продолжуваме во следната фаза“, заврши стратегот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
