
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изрази задоволство од изданието на тимот по победата од 3-1 против Брест во Лига 1. Ова беше четврта последовна победа за ПСЖ од почетокот на сезоната, што го држи на врвот на табелата со максимални 12 бода, два повеќе од Олимпик Марсеј и од Монако.
Енрике го пофали Осман Дембеле, кој постигна два гола, како и Фабијан Руиз, кој беше стрелец на третиот гол.
„Најмалку важно е што постигна два гола, имавме многу шанси и за другите играчи. Но, тимски бевме навистина одлични“, коментираше Енрике по натпреварот.
Тој додаде дека е обожавател на Дембеле со години и ја пофали неговата флексибилност и интелигенција на теренот.
„Флексибилноста е она што го прави посебен. Ги видов истите способности и кај другите играчи. Ние сме млад тим, полн со желба, и тоа е прекрасно чувство“, додаде тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski