Италијанскиот калчолигаш Лацио не успеа да одработи солиден преоден рок, Сергеј Милинковиќ-Савиќ замина во Саудиска Арабија, а неколку играчи беа ослободени и отидоа во друг клуб бидејќи Маурицио Сари отворено се побуни против претседателот Клаудио Лотито.
Двајцата имале состанок на кој решиле да работат во корист на клубот, но зад аголот ги чека нов проблем.
Шпанецот Луис Алберто самоволно не се појавил во тренинг центарот Формело пред патувањето во Бирмингем. Тој бара да му бидат исплатени бонуси од 140.000 евра, а бара и нов договор.
Слични проблеми Шпанецот правеше и претходно, а клубот од Рим во моментот не е во ситуација да се откаже од неговите услуги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













