
Баерн Минхен ја продолжува шампионската низа во Бундес-лигата иако беше во загубена позиција пред последното коло. Баварскиот тим славеше со 1-2 на гости кај Келн и го искористи неверојатниот меч на Борусија Дортмунд (2-2) од Мајнц на домашен терен, пред повеќе од 80.000 гледачи и уште 200.000 надвор од стадионот „Сигнал Идуна парк“.
Џамал Мусијала го постигна шампионскиот гол за Баерн Минхен во 89.минута. Претходно, Кингсли Коман обезбеди водство за тимот на Томас Тухел во осмата минута, а израмни Љубичиќ од пенал.
Мајнц на неверојатен меч дојде до водство од 0-2 во Дортмунд, со головите на Ханче-Олсен во 15.минута и на Онисиво во 24.минута. Во меѓувреме, Себастијан Але не успеа да реализира пенал.
Борусија Дортмунд се врати во финишот со два гола, погодија Гереиро во 69.минута и Никлас Суле во 96.минута, но недостигаше уште еден гол за шампионска титула.
Лајпциг го победи Шалке со 4-2, Волфсбург загуби дома од Херта со 1-2, а Бохум го декласира Баер Леверкузен со 3-0. Унион Берлин го победи Вердер со 1-0.
Во Лигата на шампионите се пласираа Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Унион Берлин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
