
Реал Мадрид и Челси вечерва (21 часот) на стадионот „Алфредо ди Стефано“ го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. „Кралевите“ го елиминираа Ливерпул и сега повторно имаат англиски предизвик. И повторно Зинедин Зидан спроти себе ќе има германски стратег, после Јирген Клоп, ќе се надмудрува со Томас Тухел.
„Ова е за нас финале. Без разлика што има уште два чекори до освојување на пехарот, максимално сме фокусирани како да се работи за последната пречка. Челси е одличен тим, составен од квалитетни индивидуалци. Во ваквите дуели решаваат нијанси, верувам дека искуството на моите фудбалери ќе биде добра предност за нас“, изјави Зинедин Зидан.
Французинот имаше многу проблеми во одбраната, но таа сега функционира добро и покрај отсуството на капитенот Серхио Рамос, а нападот е проблематичен. Реал прими само два гола на последните пет натпревари во Лигата на шампионите и има успеано во девет од последните 10 нокаут натпревари. Се опорави и Еден Азар, големата ѕвезда која дојде токму од Челси на „Сантијаго Бернабеу“ и засега остана должна поради многубројните повреди.

Томас Тухел вели дека „секое дете има сон да игра против Реал“. Тој се надева дека ќе ја искористи шансата на најдобар можен начин и дека ќе стигне до големото финале. Тимо Вернер и понатаму е негов адут во нападот иако не се наоѓа во најдобра форма. Вернер не успеа да постигне погодок на ниту еден од неговите последни седум натпревари во Премиерлигата.
„Кога ќе дојдете до оваа фаза, тогаш мора да внимавате и на најмалите детали. И повторно на крајот се се сведува на истото, мора да истрчате и да го надиграте противникот. Реал Мадрид максимално мотивира, останатото ќе треба да го покажеме на теренот“, најавува Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
