Репрезентативецот Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој нема симптоми и е во добра здравствена состојба.
Фудбалерот на Леванте при доаѓање на собирот на А репрезентацијата ги почитуваше мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и сите останати фудбалери и членови на репрезентацијата и немаше контакт со тимските колеги и лицата од стручниот штаб.
„Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19.
Важно е да се напомене дека пред почетокот на собиорот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика“, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во македонската репрезентација.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski