Connect with us

Лорис Кариус ќе брани првпат по 2028 дена после катастрофалните грешки во ЛШ?

Лорис Кариус потенцијално би можел да стартува на голот на Њукасл на вечерашната клучната пресметка во Лигата на шампионите против Милан. Стартниот голман Ник Поуп е повреден и ќе паузира неколку месеци, додека Мартин Дубравка го пропушти вчерашниот тренинг и исто така е неизвесен поради повреда.


Доколку Словакот не го помине последниот фитнес тест, тоа ќе значи дека Лорис Кариус ќе биде на голот на Њукасл. Другиот голман со кој располага Еди Хау, Марк Гилеспи, не е пријавен за Лигата на шампионите.

Лорис Кариус последен пат играше во ЛШ во неславното финале во 2018 година меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, во кое Германецот киксираше при поразот на „црвените“ од 1-3.

Германецот му ја подари топката на Карим Бензема за првиот гол на Реал, пред да има катастрофална лоша интервенција при ударот од далечина на Герет Бејл за неговиот втор гол на натпреварот.

На почетокот на второто полувреме од финалето, Серхио Рамос со лакт го удри Кариус, а Јирген Клоп потоа се обиде да ги објасни грешките на голманот со потрес на мозокот по ударот во главата. Кариус никогаш повеќе не заигра за Ливерпул.

Германецот, кој моментно има само 30 години, минатата сезона забележа само еден настап за Њукасл и тоа во финалето на Лига купот против Манчестер Јунајтед.

На прашањето кој ќе биде на голот денес, Еди Хау за време на неговата вчерашна прес-конференција рече: „Малку е нејасно. Тоа не е позиција на која сакам да направам промени. Ајде да видиме што ќе се случи“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови