Младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на Работнички, Фета Фетаи, од денеска е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Тој одигра одлична полусезона во дресот на „романтичарите“, а неговиот талент веднаш беше забележан и направи трансфер во Хрватска.
„По потпишувањето на договорот со Локомотива Загреб, ја користам можноста од се срце да му се заблагодарам на Работнички! Искрено им благодарам на стручниот штаб и на управата, кои толку многу веруваа во мене и ми дадоа можност да ги бранам боите на клубот на многу натпревари, на неполни 18 години. Горд сум што бев дел од Работнички во овие две години и од овој клуб правам толку голем чекор и трансфер во мојата кариера.
Исто така, искрено им благодарам на раководството на Локомотива Загреб, тим со голема традиција во хрватскиот фудбал, што веруваше во мене, додека се надевам дека за оваа доверба ќе им вратам со многу посветеност и напорна работа на тренинзи и добри настапи на натпреварите“, изјави Фета Фетаи по потписот на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













