Connect with us

Ливерпул влезе во трката за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Ливерпул е заинтересиран за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. 28-годишниот играч од средниот ред би можел да стане главна трансфер цел на „црвените“ бидејќи нивните шанси за потпис на Џуд Белингем изгледаат сè помали.


Токму поради оваа причина Ливерпул е заинтересиран за играчот од средниот ред на Лацио, пишува италијанскиот медиум „Калчомаркато“. Договорот на Србинот истекува следната сезона. Тој веќе осум години е дел од римските „орли“, но сѐ уште не го обновил договорот.

Италијанското издание тврди дека Лацио ќе прифати понуда од околу 50 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ за да избегне играчот од средниот ред да си замине како слободен играч следното лето, се разбира, доколку претходно не биде потпишан нов договор со играчот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови