Раководството на Ливерпул планира интензивни разговори со големата ѕвезда на тимот Мохамед Салах. Секако, станува збор за можно обновување на договорот на египетскиот репрезентативец со „црвените“.
Актуелниот договор на играчот истекува на крајот од сезоната, што значи дека Салах веќе во јануари ќе може да преговара со сите заинтересирани клубови. Токму поради оваа причина Ливерпул има намера да започне разговори со напаѓачoт пред крајот на годината.
Салах ги загрижи навивачите на „црвените“ по уште еден одличен настап за Ливерпул против Манчестер Јунајтед, изјавувајќи дека ова е негова „последна година“ за клубот. Сепак, според многумина, зборовите на Салах биле погрешно протолкувани.
Салах, наводно, сака да остане во Ливерпул и е подготвен да преговара за нов договор. Во слична ситуација се уште две главни фигури во изборот на Арне Слот, а тоа се Вирџил ван Дајк и Трент Александар-Арнолд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













