
Ливерпул го обнови својот среден ред минатото лето и сега менаџерот Јирген Клоп веќе прави планови да го засили одбранбениот бедем. Скаутите на клубот внимателно ги следат настапите на централниот бек на Спортинг Лисабон, Гонзало Инасио, кој исто така е трансферна цел и на Манчестер Јунајтед.
Уште летото се очекуваше „црвените ѓаволи“ да дадат понуда за него доколку Хари Мегваер беше продаден.
Минатата недела скаутите на Ливерпул ги следеа настапите на Инасио на натпреварот на Португалија против Босна и Херцеговина. Сепак, дефанзивецот тогаш немаше многу работа бидејќи Португалците беа многу надмоќни.
Инасио (22) веќе има 129 настапи за првиот тим на Спортинг. Неговата смиреност во контролата со топката е главниот квалитет што го препорача кај Јирген Клоп. Германецот во него гледа долгорочна замена за Вирџил ван Дијк, кој веќе има 32 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
