
Англискиот првак Ливерпул успеа да доведе нов стопер во последните часови од зимскиот преоден рок. Бен Дејвис од Престон е дефанзивното решение за менаџерот Јирген Клоп.
По повредите на Вирџил ван Дајк и на Џо Гомез, „црвените“ мораа да изнаоѓаат принудни решенија во одбраната, во опција беа неколку дефанзивци, а во последен момент не беше реализиран трансферот на Дује Чалета – Цар од Олимпик Марсеј.
Францускиот клуб не му дозволил на фудбалерот да направи трансфер иако речиси се било договорено. На хрватскиот интернационалец пред полетување на авионот за Ливерпул му соопштиле дека сепак трансферот пропаѓа. Сепак, постои можност и во текот на денешниот ден да се „испеглаат“ работите со Олимпик Марсеј.
Ливерпул ќе плати 2 милиони евра за ангажманот на 25-годишниот дефанзивец Бен Дејвис, кој има исто име како фудбалерот на Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
