Летниот преоден рок во 2024 година нема да биде првпат Мохамед Салах да биде поврзуван со заминување од Ливерпул, но може да биде последен. Се чини дека и самиот фудбалер е заинтересиран да замине во Саудиска Арабија каде одат сѐ поголем број на ѕвезди, а Ливерпул си одреди цена.
Египетската ѕвезда е цел на Ал-Итихад, кој планира да го направи Салах најскапиот фудбалер во историјата. Саудијците беа подготвени да платат 235 милиони евра, но Ливерпул ги одби минатото лето.
Сега, кога на Салах му останува уште договор до крајот на следната сезона, односно до летото 2025 година, Ливерпул би сакал да заработи на својата ѕвезда.
Англискиот клуб постави цена и таа изнесува 100 милиони евра, што е далеку помалку од она што претходно го одби клубот од „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













