Англискиот премиерлигаш Ливерпул е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, откриваат турските медиуми. Клубот се соочува со многу повредени фудбалери и лош старт на сезоната во Премиер – лигата, па менаџерот Јирген Клоп ќе мора да интервенира на трансфер маркетот во зимскиот преоден рок.
Негова желба е Елиф Елмас, со оглед дека е поливалентен фудбалер кој може да одговори на неколку позиции и во средниот ред и во нападот, а тоа му е повеќе од потребно на Ливерпул оваа сезона. Исто така, Елмас по доаѓањето на Квича Кварацкелија најчесто е резерва во составот на Лулијано Спалети и веќе еднаш јавно тоа го истакна на социјалните мрежи – дека „клупата му е најдобар другар“.
Елмас оваа сезона одигра 15 натпревари за Наполи, од кои 10 во Серија А и 5 во Лигата на шампионите.
Откако е член на Наполи, има 141 настап за италијанскиот тим, со 12 гола и осум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













