Ливерпул е „газда“ во градот, на брутален начин тоа го дозна Евертон откако загуби убедливо, со 1-4 на „Гудисон парк“ од тимот на Јирген Клоп. Џордан Хендерсон и Мохамед Салах брзо обезбедија предност од два гола, мала неизвесност внесе Демарај Греј во 38.минута, но во вториот дел Салах и Диого Жота донесоа убедлив триумф за „црвените“.
Сепак, Челси е и натаму на врвот откако победи со 1-2 на гости кај Вотфорд. Победничкиот гол го постигна Хаким Зијеч во 72.минута.
Во првиот дел, Мејсон Маунт погоди за водство на Челси, а израмни Емануел Денис пред одморот.
Манчестер Сити исто така славеше со 1-2 на гости против Астон Вила. Рубен Дијаш и Бернардо Силва беа стрелци за „граѓаните“ во првото полувреме, а Оли Воткинс погоди за домаќинот на самиот старт од вториот дел.
Вест Хем ремизираше (1-1) против Брајтон, а Вулверхемптон и Барнли одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













