Connect with us

Ливерпул го купи Луис Дијаз од Порто

Колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз веќе може да се смета за сигурно ново засилување на Ливерпул. Фудбалерот на Порто ја мина првата фаза од медицинските тестови пред трансферот кај „црвените“, а напаѓачот дури и позираше со дрес на тимот од Мерсисајд.


Ливерпул на „змејовите“ ќе им плати 40 милиони евра, а во договорот како клаузули ќе бидат вклучени уште потенцијални 20 милиони евра.


Дијаз има 25 години и игра на крилните позиции. Неговите прегледи беа извршени во Аргентина.
Пред неколку дена Тотенхем важеше за фаворит за потписот на Луис Дијаз, дури и даде понуда, која беше одбиена од Порто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови