Англискиот премиерлигаш Ливерпул го назначи Јорг Шматке за нов спортски директор, бидејќи Џулијан Ворд ја напушта функцијата по една година.
Овој 59-годишен Германец ќе ја преземе функцијата од 1 јуни, а во текот на досегашната кариера имал слични работни места во Хановер, Келн, Ахен и во Волфсбург.
Шматке потпиша краткорочен договор со Ливерпул со можност за продолжување на соработката.
Ливерпул му посака добредојде на Шмадке и му се заблагодари на Ворд за неговата 11-годишна служба во различни функции во клубот.
„На Џулијан и на неговото младо семејство му посакуваме се најдобро во иднина и му благодариме за сѐ што направи за Ливерпул во изминатите 11 години“, се вели во соопштението.
Ливерпул, предводен од германскиот тренер Јирген Клоп, сезоната во Премиер – лигата ја заврши на петтото место.
We can confirm Jorg Schmadtke has been appointed as the club's new sporting director.
— Liverpool FC (@LFC) May 30, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













