Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Доминик Шобошлаи, ќе ги пропушти следните два натпревари на „црвените“. Ова го соопшти менаџерот на тимот Јирген Клоп.
Унгарскиот интернационалец заработи повреда на дербито против Њукасл на 1 јануари и беше принудно заменет.
Тоа значи дека Шобошлаи нема да биде во тимот на Ливерпул за дуелот со Арсенал од ФА Купот овој викенд и во полуфиналето на Карабао купот против Фулам следната недела.
„Можам да потврдам дека не се работи за потенцијална повреда, туку за истегнување и тој мора да паузира. Доминик е позитивен, не чувствува многу болка, но мора да почекаме. Нема шанси да игра ниту во недела, ниту во среда“, прокоментира Јирген Клоп.
Ливерпул в недела ќе му гостува на Арсенал во натпревар од ФА Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













