Лигата на шампионите ќе претрпи големи промени од следната сезона. Групната фаза, која заврши во ноември, беше последна – од есен тимовите ќе се натпреваруваат во лигашки формат.
Лигата на шампионите е проширена на 36 екипи и секој тим ќе одигра по осум натпревари (четири дома и четири на гости).
Осумте најдобри потоа ќе се пласираат во осминафиналето, а следните 16 ќе се борат во баражот за останување на турнирот. За возврат, најслабите екипи ќе бидат елиминирани, но нема да има премин во Европската лига, туку конечно збогување со натпреварувањето.
Дополнително, УЕФА го укинува традиционалното извлекување со помош на топчиња во барабани на кои сите сме навикнати, па натпреварите ќе се одредуваат компјутерски.
УЕФА се одлучи на овој потег затоа што велат дека рачно извлекувањето на противниците на секој клуб, како што беше случај во стариот формат, би траело до четири часа и би барало до 900 топчиња поради сложените опции при ждрепката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













