Неверојатниот Роберт Левандовски е на чекор до рушење на рекордот на легендарниот Герд Милер од далечната 1972 година по бројот на постигнати голови во една сезона во Бундес – лигата.
Полскиот интернационалец е на бројка од 39 гола на две кола пред крајот на Бундес – лигата, додека Милер постигна 40 гола пред речиси 50 години. Така, на Лева му недостигаат само два гола за да постави нов рекорд.
Баерн Минхен викендов ја победи Борусија Менхенгладбах со 6-0, а Левандовски постигна три гола. Директорот на Баерн, Оливер Кан, верува дека Полјакот ќе го урне Милер, но го предупредува Левандовски да не прави голем притисок врз себе.
„Колку што го знам, јасно ми е дека тој ќе стори сé за да го собори тој рекорд, но, Роберт, сега не можеш да си ставаш толкав притисок на грбот. Немој да си го правиш тоа”, порача Кан во интервју за германските медиуми.
Славниот голман на Баерн Минхен ја спомена и важноста на рекордот на Милер во историјата на германскиот фудбал.
„Се сеќавам дека кога бев момче, тој одличен рекорд на Герд Милер беше постојан проблем за голгетерите. 40 гола во една сезона? Никој не помислуваше дека тој рекорд некогаш може да биде соборен. Ако Роберт го стори тоа, ќе биде неверојатно достигнување“, истакна Кан.
Во преостанатите две кола Баерн Минхен игра против Фрајбург и против Аугсбург.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski