Connect with us

Левандовски: Мои идоли беа Дел Пјеро, Анри и Роби Баџо

Роберт Левандовски оваа година и официјално стана „РоБест Левандовски“. Ја доби наградата „The Best“ на ФИФА за најдобар светски фудбалер за 2020 година и застана во редот на најголемите заедно со Лионел Меси и со Кристијано Роналдо.

„Не знам дали можам да седнам на иста маса со нив, затоа што и Меси и Роналдо имаат добиено огромен број признанија, „Златни топки“ во кариерата. Но, ако ја гледаме оваа сезона, настапите, постигнувањата и освоените титули, мислам дека ја заслужив наградата и сакам да се заблагодарам на „Франс Фудбал“. Можеби не сум за на иста маса со Меси и со Роналдо, но секако можам да ги поканам на мојата“, вели малку и во шега Роберт Левандовски. 

Блесна во Борусија Дортмунд, имаше понуда од сер Алекс Фергусон да се пресели во Манчестер Јунајтед, но на крајот го облече дресот на Баерн Минхен. 

„Бев во неверојатна форма, давав голови и ми се јави сер Алекс Фергусон за да се преселам во Манчестер Јунајтед. Јас ќе го прифатев предизвикот, но тогаш Борусија Дортмунд не го дозволи трансферот. Но, не бев многу загрижен затоа што и таму ми одеше одлично. Потоа се случи пресврт и завршив во Баерн Минхен“, раскажува Левандовски во интервјуто за „Франс Фудбал“.

Левандовски ги откри и своите идоли. 

„Алесандро Дел Пјеро и Тиери Анри. Им се воодушевав кога ги гледав, нивните потези беа генијални, постигнуваа фантастични голови. Се сеќавам и на игрите на Роберто Баџо иако тогаш бев помал. Тоа се тројцата фудбалери кои јас се обидував дури и да ги имитирам во дел од настапите“, открива Роберт Левандовски. 

            

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови