Connect with us

Левандовски добива смртни закани во Минхен

Навивачите на Баерн Минхен не можат да се помираат со заминувањето на својот идол, а работата отиде дотаму што Роберт Левандовски добива дури и смртни закани. Поради ова тој не го донесе семејството во Минхен на почетокот на подготовките со Баерн, јавуваат медиумите во Полска.


Покрај ова, напаѓачот и не мисли многу да остане на „Алијанц арена“ затоа што ја чека реализацијата на трансферот во Барселона.

Левандовски е во Минхен од 2014 година и стана најдобриот напаѓач во историјата на Баерн и на Бундес – лигата, а сега има огромна желба да го облече дресот на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови