Connect with us

Летното засилување на Венеција не знаел во која лига доаѓа да игра

19-годишниот играч за врска на Венеција, Џанлука Бусио призна дека не знаел во која лига игра клубот пред да прифати да ја напушти татковината, Соединетите Американски Држави. Младото момче пристигна на стадионот “Пјер Луиџи Пензо” од Спортинг Канзас Сити за време на летниот преоден рок, а досега одигра шест натпревари во Серија А.

“Татко ми потекнува од Бреша и е навивач на Интер, па поради тоа секоја недела ја следи Серија А во Соединетите држави“, рече Бусио за во инетрвју за “Спортвик”. “Јас имам дојдено во Венеција, но, не знаев во која лига игра клубот. Кога видов дека играат во Серија А, без сомневање, се сложив на трансфер.

“Фудбалот во Серија А е побрз, потактички и поагресивен од оној во МЛС – Лигата. Овде нема простор за грешка: ако направите грешка, следи казна, односно веднаш примате погодок. Во МЛС – Лигата, не е така.”

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови