Освојувачот на ФА купот на Англија, тимот на Лестер, го изненади актуелниот првак Манчестер Сити и го совлада со 1-0 на „Вембли“ за освојување на Комјунити Шилд, англискиот Суперкуп. Келечи Ихеаначо во 88.минута од пенал успеа да ја затресе мрежата на „граѓаните“ и донесе трофеј за Лестер.
Натан Аке груно стартуваше над Ихеаначо во шеснаесетникот во финишот од мечот, беше досуден пенал, а успешен изведувач беше истиот фудбалер над кого и беше направен пеналот.
Во тимот на Манчестер Сити на овој меч дебитираше англискиот репрезентативец Џек Грилиш кој дојде на „Итихад“ за 100 милиони фунти, најголем трансфер во историјата на Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













