
Поранешниот спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, истакна дека Килијан Мбапе мора да си замина од клубот ова лето, доколку тој се прашува, и тоа за доброто на францускиот клуб.
Леонардо тврди дека Мбапе е одличен фудбалер, врвен стрелец, но дека нема лидерски способности. Тој со своето однесување во минатиот период покажал дека не може околу него да се гради тимот на ПСЖ.
„ПСЖ постоел и пред Мбапе, ќе постои и по него. Шест години е во Париз, а пет различни клуба во тој период ја освоија Лигата на шампионите и ниеден од нив во тимот го немаше Мбапе. Значи, тој не е пресуден за освојување на трофејот во ЛШ. Мислам дека е дојдено време Мбапе да си замине од ПСЖ, без разлика колку болна ќе биде разделбата. Тој е одличен фудбалери и врвен стрелец, но со своето однесување покажа дека не е лидер. Тешко е да се изгради тим околу него“, изјави Леонардо.
Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ, а клубот му постави ултиматум дека ќе го продаде ако не го стори тоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Ливерпул ќе му понуди нов договор на Арне Слот

Евро-фудбал
Манчестер Сити остана и без Нејтан Аке

Евро-фудбал
Ливерпул ќе му понуди нов договор на Арне Слот
