Лекарот на Барселона, Карлес Мињаро Гарсија, ненадејно почина, оставајќи ја во шок целокупната фудбалска заедница и клубот само неколку часа пред натпреварот против Осасуна.
Тажната вест доведе до одложување на натпреварот, а причините за неговата смрт сè уште не се утврдени. Според шпанските медиуми, Гарсија починал за време на попладневната дремка – познатата „сиеста“. Претходно, тој како и секогаш работел со играчите и ручал со тимот.
Овој трагичен настан ја потресе не само Барселона, туку и целата Ла Лига. Гарсија почина на 53-годишна возраст, а работеше за каталонскиот гигант од 2017 година. Започнал во футсал тимот на клубот, а оваа сезона беше вториот најважен човек во медицинскиот тим, директно соработувајќи со д-р Рикард Пруна.
На 2 февруари, токму д-р Мињаро беше тој што на теренот го дијагностицираше потресот на мозокот што го заработи Гави во натпреварот против Алавес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













