Легендарниот тренер Гус Хидинк соопшти дека се повлекува од фудбалот. Холанѓанецот има 74 години, неговата последна работа беше селектор на Курасао, селекција која ја водеше заедно со Патрик Клајверт.
„Во последно време, не бев активен поради пандемијата на коронавирусот, која ја почувствував на своја кожа, и во разговор со претседателот на Фудбалската федерација на Курасао, заклучивме дека би било најдобро да се прекине соработката. Затоа решив да се повлечам од фудбалот “, изјави Хидинк.
Во текот на неговата кариера, еден од најпознатите европски тренери ги водеше Реал Мадрид, Челси, ПСВ, Валенсија, Фенербахче, Бетис и Анжи, а беше и селектор на Холандија, Русија, Австралија, Јужна Кореја и младинската репрезентацијата на Кина.
Хидинк освои голем број трофеи, со ПСВ ја освои титулата европски шампион покрај бројните домашни трофеи, со Реал Мадрид беше светски клупски шампион, ги предводеше Холандија и Јужна Кореја до четвртото место на Светско првенство, додека со Русија стигна до полуфиналето на Европско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













