Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт и триумфираше на гости против Викторија Плзен со 1-2. Расмус Хојлунд беше херојот на „ѓаволите“ со два гола, кои го комплетираа пресвртот, откако Андре Онана направи голема грешка на стартот од второто полувреме, а Матеј Видра го искористи тоа и погоди во 47. минута.
Хојлунд го израмни резултатот во 62. минута, а потоа со погодок во 88. минута го донесе триумфот за својот тим.
Рома на „Олимпико“ ја совлада Брага со убедливи 3-0. Лоренцо Пелегрини го отвори резултатот во 11. минута, Абдулхамид го постигна вториот гол, а конечните 3-0 ги постави Марио Хермосо.
ПАОК доминираше против Ференцварош и славеше со убедливи 5-0. Малме и Галатасарај одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 2-2.
Унион Сен Жил ја победи Ница со 2-1. Олимпијакос и Твенте одиграа натпревар без голови, ремизирајќи 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













