
Манчестер Јунајтед останува во игра за трофејот во Лигата на Европа, откако со убедливи 4-1 го совлада Реал Сосиедад на „Олд Трафорд“ и обезбеди место во четвртфиналето. Натпреварот беше исполнет со драма – три пенали, црвен картон и спектакуларен хет-трик на капитенот Бруно Фернандеш.
Шпанскиот тим рано поведе откако Ојарзабал погоди од пенал, но само три минути подоцна Јунајтед доби своја најстрога казна, а Фернандез го израмни резултатот. Португалецот беше прецизен и во второто полувреме од белата точка, носејќи му предност на својот тим. Црвениот картон за Арамбуру во 63. минута ја олесни задачата на Јунајтед, кој ја искористи бројната предност и преку Фернандез во 87. минута и Далот во судиското надополнување запечати убедлив триумф.
Во четвртфиналето место обезбеди и Тотенхем, кој со пресврт го совлада АЗ Алкмар со 3-1, откако во Холандија загуби со 1-0. Лион, пак, без проблеми го елиминираше ФЦСБ со вкупни 6-1.
Возбудувањата во Лигата на Европа продолжуваат, а Манчестер Јунајтед и Тотенхем остануваат меѓу фаворитите за пласман во завршницата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
