Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, размислува за трансфер во Барселона, пренесува „Ел Насионал“.
Според изворот, Аргентинецот се гледа себеси како долгорочна замена за напаѓачот на каталонскиот клуб, Роберт Левандовски.
Оваа сезона Левандовски има одиграно 16 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, на кои постигна осум голови и забележа една асистенција.
Лаутаро Мартинез има одиграно 19 натпревари за Интер во сите натпреварувања оваа сезона, при што постигна 11 голови и запиша две асистенции.
Актуелниот договор на Мартинез со миланскиот клуб важи до летото 2029 година. Пазарната вредност на фудбалерот изнесува 85 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













