
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека нема да го напушти клубот ова лето.
„Нова сезона, заедно“, напиша Аргентинецот на Инстаграм.
Мартинез го продолжи договорот со италијанскиот клуб во октомври минатата година, но често се споменуваше неговото заминување, особено во Премиер – лигата.
И покрај тоа, дваесет и четиригодишниот фудбалер потврди дека им останува верен на „нероаѕурите“.
Аргентинскиот напаѓач минатата сезона одигра 48 натпревари во Интер и постигна 25 гола. Од доаѓањето во италијанскиот клуб во 2018 година, тој забележа 133 настапи, а 58 пати ја затресе противничката мрежа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
