Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, е пресреќен откако неговиот гол во последните моменти им донесе победа од 1-0 на „нероаѕурите“ против Наполи во финалето на Суперкупот.
„Многу сум среќен, тоа беше нашата цел. Интер е таму каде што заслужува да биде. Имавме еден ден помалку одмор, се боревме. Не беше совршено, но јас сум горд на овој тим. Возбуден сум… Не сакав да го соблечам дресот и да добијам жолт картон, но тоа беше емотивен, неповторлив момент“, изјави Аргентинецот по натпреварот.
„Наполи е голем противник, но ние добро се снајдовме, ја задржавме ладнокрвноста до последната минута. Календарот не ни оди во прилог, но мора да размислуваме за нашиот пат, ни оди многу добро и мора да продолжиме така. Среќен сум затоа што го постигнав победничкиот гол. Сепак, веднаш треба да размислуваме за натпреварот со Фиорентина“, додаде ѕвездата на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













