Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, беше еден од хероите во реваншот против Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Аргентинецот постигна еден од головите за конечните 2-2, резултат кој им овозможи на „нероаѕурите“ пласман во полуфиналето.
„Ова беше епски натпревар, кој долго ќе го паметиме, затоа што Интер има две огромни срца. Во ова вложивме многу труд и жртва. Никогаш не се предаваме – имаме и глава, и срце. Точно е дека во некои моменти страдавме, но покажавме карактер. Можеме да целиме високо“, изјави Мартинез.
Тој додаде дека секоја сезона тимот почнува со верба во највисоките цели.
„Секоја година почнуваме со вербата дека можеме да освоиме сè – инаку зошто би играле фудбал? Благодарен сум на целиот персонал, на моите соиграчи и, секако, на навивачите кои се нашиот 12-ти играч“, истакна капитенот на Интер.
Интер во полуфиналето ќе се соочи со Барселона, која ја елиминираше Борусија Дортмунд по победа од 4-0 во првиот натпревар, и пораз од 1-3 во реваншот.
„Барселона е одличен противник со голема историја. Но, прво треба да се фокусираме на следниот натпревар. После тоа ќе размислуваме за Лигата на шампионите“, заврши Аргентинецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













