Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази силен оптимизам дека тимот може да освои тројна круна оваа сезона – титулите во Ла Лига, Купот на Шпанија и во Лигата на шампионите.
„Навивачите на Барселона треба да веруваат во нашиот тренер и играчи. Убеден сум дека под водство на Ханси Флик и благодарение на талентот на фудбалерите, имаме шанса да ја освоиме тројната круна. Играме многу добро, но сè уште не сме постигнале ништо. Сè е можно кога се игра финале, но ние сме самоуверени“, изјави Лапорта.
Барса моментно е прва на табелата во Ла Лига со 76 бода по 33 кола. Во финалето на Купот на Кралот, кое ќе се игра овој викенд, противник ќе биде Реал Мадрид, уште едно Ел Класико со висок влог.
Во Лигата на шампионите, пак, каталонскиот гигант ќе се соочи со Интер во полуфиналето.
Ако Барселона навистина успее да го освои сите три трофеи, оваа сезона би можела да стане една од најуспешните во историјата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













